Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант од ноќеска стана рекордер по промашени шутеви во НБА лигата.
Брајант во поразот на Лејкерси од Мемфис го сруши негативниот рекорд кој досега го држеше легендата на Бостон Џон Хавличек промашувајќи по 13.418. пат во кариерата. Натпреварот го заврши со 28 поени, седум скокови и шест асистенции.
– Јас сум бек шутер кој игра во оваа лига веќе 19 години. Значи, бек шутер во 19 години, потенцира Брајант алудирајќи дека не е ништо страшно што го соборил негативниот рекорд.