Лидерот во Источната конференција Кливленд ноќеска славеше победа на гостувањето кај Оклахома Сити. Тандемот Кевин Лав и Леброн Џејмс постигнаа по 29 односно 25 поени, додека кај домашните Кевин Дјурант реализираше 26, а Расел Вестбрук 20 поени.
Двата тима имаат по 40 победи, а Кливленд заедно со Портланд имаат во моментов најдолга серија од пет триумфи во низа.
Вечерта ја одбележа и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс, кој на гостувањето кај Детроит постигна 59 поени, а имаше и 20 скокови во победата на неговата екипа. Тоа за него е личен рекорд.
Резултати:
Детроит – Њу Орлеанс 106:111,
Оклахома Сити – Кливленд 92:115,
Денвер – Бостон 101:121,
Феникс – Сан Антонио 111:118,
Бруклин – Шарлот 96:104,
Орландо – Индијана 102:105,
Торонто – Мемфис 98:85,
Далас – Филаделфија 129:103,
Чикаго – ЛА Лејкерс 126:115 и
Портланд – Јута 115:111.
Пласман Источна конференција: Кливленд 40-14 (победи-порази), Торонто 36-18, Бостон 33-24, Мајами 31-24, Индијана 30-25, Атланта 31-26, Шарлот 29-26, Чикаго 29-26,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 49-5, Сан Антонио 47-9, Оклахома Сити 40-16, ЛА Клиперс 36-19, Мемфис 32-23, Далас 30-27, Портланд 29-27, Хјустон 28-28,…