Кливленд со кошот на Ирвинг стигна до победата над Голден Стејт

Од:

Со кошот на Кајри Ирвинг на 3,4 секунди до крајот Кливленд синоќа успеа да стигне до победата на „Божикниот натпревар на финалистите“ во НБА лигата. Во последниот напад Голден Стејт не успеа да упати шут за евентуален триумф.

Во текот на целиот натпревар гостите имаа водство против шампионот, а на почетокот на последниот период имаа и 14 поени позитива (94:80). Во последните десет минути Ирвинг „се разбуди“ и му беше од голема помош на Леброн Џејмс за триумф на шампионот. Џејмс дуелот го заврши со 31 поен, а Ирвинг имаше 25 поени, со 10 асистенции и седум украдени топки. Најефикасен на дуелот беше Кевин Дјурант со 36 поени.

На ноќеска одиграните дуели беа постигнати следниве резултати:

Њујорк – Бостон 114:119,
Кливленд – Голден Стејт 109:108,
Сан Антонио – Чикаго 119:100,
Оклахома Сити – Минесота 112:100 и
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 111:102.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 27-5, Сан Антонио 25-6, Хјустон 22-9, ЛА Клиперс 22-10, Мемфис 20-12, Оклахома Сити 19-12, Јута 18-13, Сакраменто 13-17,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 23-7 (победи – порази), Торонто 21-8, Бостон 18-13, Шарлот 17-13, Њујорк 16-14, Атланта 15-15, Милвоки 14-14, Индијана 15-16,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on