Кливленд се избори за финале во НБА плеј офот

Од:

Кошаркарите на Кливленд се првите финалисти на НБА плеј офот откако во финалето на „Исток“ со 4-2 во победи го совладаа Торонто. Синоќа на натпреварот број 6 на теренот на противникот Кливленд победи со 113:87 (31:25; 24:16; 31:33; 27:13).

Предводени од Леброн Џејмс кој постигна 33 поени, Кливленд беше во водство во текот на целиот натпревар. Одличен настап имаше и Кајри Ирвинг со 30 поени, а Кевин Лав постигна 20 со 12 скока. Кајри Лаври кај Торонто реализираше 35 поени.

Вечерва се игра натпреварот број шест од финалето на „Запад“ меѓу Оклахома Сити и Голден Стејт. Предност од 3-2 во победи има Оклахома Сити.

Големото финале и борбата за шампионската титула ќе почнат на 2. јуни.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on