Кливленд прв финалист во НБА плеј офот

Од:

Кошаркарите на Кливленд со максимални 4-0 во победи ја совладаа Атланта и се изборија за финалето во НБА лигата.

На ноќеска одиграниот натпревар број 4 од финалето на „Исток“ Кливленд славеше со 118:88 (32:20, 27:22, 26:18, 33:28). Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 23 поени, додека Џеј Ар Смит постигна 18 поени со 10 скокови (сите во одбрана). Во екипата на Атланта најпрецизен беше Пол Милсап со 16 поени.

Во финалето Кливленд ќе игра со победникот од дуелот Голден Стејт – Хјустон.

Финалната серија ќе почне на 4 јуни (четврток) а Кливленд ќе биде гостин на првите два натпревара.

Вечерва се игра натпреварот број 5 од финалето на „Запад“ меѓу Голден Стејт и Хјустон. Голден Стејт има предност од 3-1 во победи.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on