Кошаркарите на Кливленд со убедливи 4-0 во победи против Атланта обезбедија пласман во финалето од плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата.
За Кливленд ова беше осма победа во низа во годинашниот плеј-оф. Со чисти 4-0 Кавалирс славеа и против Детроит.
Синоќа Кливленд во неизвесен дуел ја победи Атланта со 100:99, најмногу по заслуга на Леброн Џејмс кој запиша 21 поен, 10 скокови и девет асистенции и ги постигна решавачките поени.
Најефикасен беше Кевин Лав со 27 поени, а Кајли Ирвинг имаше 21 поен.
Во финалето на Истокот Кливленд ќе игра со подобриот од мечот Мајами – Торонто (2-1 за Торонто).
На Западот, Оклахома Сити го изедначи резултатот во победи со Сан Антонио на 2-2 по ноќешните 111:97.
Вечер играат:
Портланд – Голден Стејт (1-2 во победи) и
Мајами – Торонто (1-2).