Кливленд поведе во финалето на Исток

Од:

Кошаркарите на Кливленд поведоа со 1-0 во плеј-оф финалето на Источната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска на првиот натпревар пред своите навивачи го победија Торонто со 115:84 (33:28; 33:16;29:23;20:17).

Домашниот тим победата ја навести со одличниот процент на шут во првото полувреме од 67%. Кајри Ирвинг со 27 поени беше најефикасен, додека Леброн Џејмс постигна 24 поени.

Кај екипата на Торонто најверојатно долгата серија во полуфиналето со Мајами беше причина за замор и слабото издание во првиот финален дуел во Источната конференција.

Следниот натпревар се игра ноќта четврток кон петок, повторно на теренот на Кливленд.

Вечерва играат Голден Стејт и Оклахома Сити во натпреварот број 2 во финалето на Запад, а Оклахома Сити води со 1-0.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on