Кливленд поведе со 3:0

Од:

Екипата Кливленд ја оствари третата последователна победа над Атланта во финалето од Источната конференција и се наоѓа на само еден триумф до големото НБА финале.

До третата победа во серијата прв до четири Кливленд стигна по продолжение со резултат 114:111, предводен од Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со трипл-дабл ефект – 37 поени, 18 скокови и 13 асистенции, иако во првата четвртина не постигна ниту еден поен од девет обиди.

Уште една победа за пласман во финалето му е потребна и на Голден Стејт, тимот кој во Западното финале игра против Хјустон.

Голден Стејт веќе утревечер ќе ја „брка“ четвртата победа на гостувањето во Тексас, додека четвртиот дуел од финалето на Истокот е ноќта меѓу среда и четврток.

Во досегашната историја на НБА лигата ниту еден тим во плеј-офот не се вратил по негатива од 3-0.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on