Кошаркарите на Кливленд ја забележаа и втората победа над Торонто во финалето на Источната конференција од НБА плејофот.
На средбата одиграна синоќа во Кливленд, домашниот тим слевеше триумф со 108:89 и поведе со 2:0 во победи во серијата подобар до четири.
Иако Кери Ирвинг со 25 поени беше најефикасниот играч на натпреварот, сепак Леброн Џејмс беше најзаслужниот за овој триумф на Кливленд бидејќи средбата ја заврши со трипл-дабл учинок од
23 поени, 11 скока и 11 асистенции. Кај гостите од Торонто најефикасен беше ДеРозан кој постигна 22.
Сега серијата се сели во Канада, каде следниот меч на програмата е во недела.
Потсетување, во финалето на Западната конференција по двата одиграни меча резултатот меѓу шампионот Голден Стејт и Оклахома е израмнет 1-1, а следниот меч се игра в понеделник наутро во Оклахома.