Кошаркарите на Кливленд предводени од Леброн Џејмс ноќеска пред своите навивачи постигнаа победа од 104:100 (26:28; 20:19; 28:31 и 30:22) во дуелот со Оклахома Сити.
Џејмс натпреварот го заврши со 33 поени, 11 скокови и 9 асистенции, додека уште пет негови соиграчи имаа двоцифрен број поени. Кај гостите „триото“ Расел Вестбрук (27 поени), Кевин Дјурант (25) и Серхио Ибака (23) со својот учинок беа недоволни за победа.
На другите два дуела одиграни ноќеска: Шарлот – Торонто 109:99 и ЛА Лејкерс – Хјустон 87:107.
Пласман Источна конференција: Кливленд 17-7 (победи-порази), Чикаго 15-8, Индијана 15-9, Мајами 15-9, Шарлот 15-10, Торонто 16-11, Орландо 14-11, Детроит 15-12, Атланта 15-12,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 25-1, Сан Антонио 22-5, Оклахома Сити 17-9, ЛА Клиперс 16-10, Далас 14-12, Мемфис 14-13, Хјустон 13-14, Денвер 11-14,…