Кливленд изедначи по продолжение

Од:

Кошаркарите на Кливленд изедначија на 1-1 во победи во финалето од НБА лигата откако ноќеска го победија Голден Стејт на негов терен со 95:93 (20:20; 27:25; 15:14;25:28; 8:6).

На 3:14 минути пред крајот Кливленд имаше водство од 11 поени 83:72 и малку кој се надеваше на продолжение, а до крајот гостите постигнаа само четири поени (сите од слободни фрлања). Стеф Кари изедначи (87:87) на 8 секунди пред звукот на сирената. Во последниот напад Кливленд во два обида не успеа да стигне до победата, сепак во продолжението гостите беа поефикасни и дојдоа до победата и изедначија на 1-1 во добиени натпревари.

Најдобар играч на дуелот беше Леброн Џејмс со 39 поени, 16 скокови и 11 асистенции, додека кај Голден Стејт Клеј Томпсон постигна 34 поени.

Следните два дуела се играат во Кливленд, а натпреварот број 3 се игра ноќта вторник кон среда.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on