Кливленд избори конференциско финале, Хјустон и ЛА Клиперс ќе играат мајсторка

Од:

Кошаркарите на Кливленд успеаја први да се пласираат во конференциското финале откако ноќеска во натпреварот број 6 го победија Чикаго со 94:73 и со 4-2 во добиени натпревари ги продолжија натпреварите во плеј офот.

Најефикасен на натпреварот беше Метју Делаведова со 19 поени, додека Тристан Томсон имаше 13 и 17 скокови, Леброн Џејмс беше на чекор до „трипл-дабл“ 15 поени, 11 асиситенции и 9 скокови. Кливленд во финалето на „Исток“ ќе игра со подобриот од дуелот Атланта – Вашингтон (3-2 за Атланта). Ова за Кливленд ќе биде прво конференциско финале по 2009 година.

Кошаркарите на Хјустон се изборија за „мајстрока“ на домашен терен откако на теренот на ЛА Клиперс ноќеска славеа победа со 119:107. Тандемот Џејмс Харден и Двајт Хауард повторно беше најефикасен кај Хјустон. Харден постигна 23 поени, а Хауард 20 со 21 скок. Крис Пол (ЛА Клиперс) со 31 поен беше најефикасен на натпреварот. Натпреварот број 7 ќе се игра во недела во Хјустон.

Вечерва се играат дуелите: Вашингтон – Атланта (3-2 за Атланта во победи) и Мемфис – Голден Стејт (3-2 за Голден Стејт).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on