Со победите на ноќешните дуели Кливленд и Оклахома Сити го потврдија учеството и сезонава во плеј офот на НБА лигата. Кливленд го победи Орландо на гости, додека Оклахома Сити предводена од Расел Вестбрук славеше кај Филаделфија. Вестбрук го оствари 13-тиот „трипл-дабл“ сезонава со 20 поени, 15 скокови и 10 асиситенции.
Победа ноќеска постигна и Голден Стејт тоа е вкупно 62.ра победа, а вечерва се игра и дербито на Запад (Сан Антонио – Голден Стејт).
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Орландо – Кливленд 103:109,
Филаделфија – ОклахомаСити 97:111,
Детроит – Сакраменто 115:108,
Тороното – Бостон 105:91,
Хјустон – Минесота 116:111,
Њу Орлеанс – Портланд 112:117,
Далас – Голден Стејт 112:130,
ЛА Лејкерс – Феникс 90:95.
Плеј оф имаат обезбедено четири екипи: Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома Сити (Запад) и Кливленд (Исток). Без шанса за играње во завршницата се: ЛА Лејкерс, Феникс (Запад), Филаделфија и Бруклин (Исток).