Шампионот во НБА Кливленд Кавелирс брзо ги залечи раните од тешкиот пораз од Голден Стејт, па ноќеска пред својата публија забележа победа во дуелот со Феникс со 118:103.
Кливленд до триесетата победа сезонава беше предводен од Кајри Ирвинг, кој средбата ја заврши со 26 поени, додека Леброн Џејмс покрај 21 поен имаше и 15 асистенции.
Иако Кармело Ентони одигра одличен натпревар против Вашингтон и официјално оствари рекорд со најмногу поени во една четвртина- 25 во вториот период, а средбата ја заврши со дабл-дабл од 34 поени и 10 скока, сепак Њујорк никс загуби од Вашингтон со 110:113. Кај победничкиот тим најефикасен беше Џон Вол со 29 поени и 13 скока.
Предноста на домашниот терен ја искористи и Мајами Хитс кој во дуелот со Далас Маверикс победи со 99:95, како и Сан Антонио Спарс кој со 118:104 го порази Денвер Нагетс 118:104.
Минесота ја прекина мини серијата од три порази и тоа со гостинската победа во Лос Анџелес кај Клиперси кого го совлада со 104:101.
Ноќеска на програмата се нови десет натпревари, а дербитро ќе се игра во Хјустон каде ќе гостува Голден Стејт.