Ќе се снима документарен филм за Новак Ѓоковиќ?

Од:

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е во Белград со сопругата Јелена, каде наводно ќе присуствува на снимање на неговиот документарен филм.

Тој наредните три дена со екипа од позната продуцентска куќа, ќе го посети местотот каде што живеел, основното училиште во кое учел и други места од кои има убави спомени.

-На Новак секогаш му недостасува слободно време, но снимањето на документарецот со радост го прифати и затоа од медениот месец се вратил во Србија- вели извор за српски „Ало“.

Тој додава дека Новак инсистирал филмот да биде обработен на високо ниво и дека сакал секој снимен дел од материјалот да го проследи, со цел да сугерира нешто да се промени или додаде.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино