Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука актуелната сезона да не се заврши.
Сепак од неа нема да испадне никој, а првопласираните три екипи од двете втори лиги ќе добијат шанса да играат во елитниот ракомет.
Дури 6 екипи кои се натпреваруваа во прекинатата сезона во групите 1 и 2 од Првата лига ќе станат членови на Суперлигата.
Во групата 1 тоа се Астарион, Прилеп 2010 и Јуниор К.В., додека од групата 2 ќе добијат промоција Тиквеш, КЛ7 и Младост.
Наредната сезона вторите екипи на Вардар и Металург (Вардар Јуниор и Металург 2) нема да учествуваат.
Тимовите ќе бидат поделени во две групи од по 7, а учесниците во регионалната СЕХА лига – Вардар и Пелистер – ќе бидат ослободени од настап во првиот дел од сезоната.