Ќе има ли договор помеѓу Милан и Рангник во наредните недели?

Од:

Постои верување во Германија дека Ралф Рангник ќе го преземе Милан ова лето.

Според познатиот новинар на „Билд“ Кристијан Фолк, германскиот стручња веќе учи италијански и се согласил на основните услови да ги преземе „росонерите“.

– Разговорите беа прекинати за време на пандемијата од коронавирус. Но, пред тоа, контактите со Милан беа интензивни и неодамна тие продолжија. Рангник го познава Иван Газидис долго време, така што нивните дискусии се многу искрени. Според моите информации, германскиот тренер веќе контактирал со други луѓе во клубот за да разговараат за неговите идеи. Мислам дека ќе биде постигнат договор во следните неколку недели, рече Фолк.

Според него, Рангник сака да има огромно влијание во клубот.

– Ова ја објаснува реакцијата на Паоло Малдини, знаејќи дека неговите овластувања ќе бидат ограничени. Германецот не сака да ги води тренинзите и да одлучува за тимот, туку да носи важни одлуки за трансферите и особено за единицата за извидници. Тој е добро запознаен со медицинскиот сектор. Тој сака да работи со луѓе кои се верни на неговата филозофија. Ова ме наведува да мислам дека Рангник ќе го донесе својот тим во Милано, додаде новинарот.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра