Олимпиското село е полно со млади луѓе кои поседуваат натпреварувачки дух и се совршено атлетски градени, па ќе биде вистинско чудно да се очекува дека тие на Олимпијадата нема да имаат секс.
Книгата „The secret Olympian“ од непознат автор, кој бил учесник во Игрите во 2004 година, во Атина, е полна со сочни детали за она што се случувало во Олимпиското село кога сите „спиеле“.
На Игрите во Лондон, годинава, британскиот неофицијален спонзор „Durex“ им подели на жителите во Олимпиското село околу 150.000 презервативи, или 13 по конкурент.
На претходните игри во 2008 година во Пекинг, беа поделни 100.000 презервативи, но тие не беа им стигнаа. Сепак еден поранешен репрезентативец вели дека тие не исчезнуваат поради причините што ги мислиме, тукупоради тоа што презервативите се одличен сувенир од земјата каде што се одржува Олимпијадата.
Анонимна олимписка пливачка изјави за „Њујорк пост“ дека спортистите кои завршиле со своите обврски имаат на располагање прилично доволно време кое го трошат за да се забавуваат со луѓе за кои им е потребна заштита.