Австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој претрпе повреда на стомачните мускули на Вимблдон, соопшти дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио.
Во својата сторија на Инстаграм, Кирјос објави рачно напишана програма за рехабилитација, каде посочи дека неговиот следен турнир ќе биде Атланта, што ќе се одржи паралелно со Игрите во Јапонија.
Претходно, Кирјос рече дека се сомнева во потребата од учество на Олимпијадата во услови на засилени антиковид ограничувања.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.