Роџер Федерер од Швајцарија и Ник Кирјос од Австралија ќе играат во второто полуфинале на престижниот АТП турнир во Мајами, САД.
Двајцата полуфиналисти имаа тешки мечеви во четвртфиналето и во три сета успеаја да ги победат своите ривали.
Кирјос доцна по полноќ триумфираше над Александер Зверев (Германија) со 6:4, 6:7 и 6:3.
Претходно во ноќта Федерер со многу мака и спасена меч топка го победи чешкиот тенисер Томаш Бердих со 2-1, по сетови 6:2, 3:6 и 7:6.
Вечерва со почеток од 19 часот на програмата е првото полуфинале во кое се среќаваат Рафаел Надал (Шпанија) и Фабио Фоњини (Италија).
Својот меч Федерер и Кирјос ќе го одиграа ноќта меѓу петок и сабота со почеток во 1 часот по македонско време.