Еден од најдобрите руски кошаркари Андреј Кириленко нема да настапи на Европското првенство 2013 година во Словенија, а најави дека воедно става крај и на репрезентативната кариера. Русија на ЕП 2013 година е во група со: Грција, Италија, Финска, Турција и Шведска.
Најдобриот европски кошаркар за 2012 година најпрвин им најавил на луѓето во руската федерација дека планира да ја заврши репрезентативната кариера.
– По напорната сезона во НБА лигата буквално сум долг период одвоен од семејството. Сакам да бидам добар татко и повеќе време да минам со децата. Во вакви услови тешко е тоа да се направи и реперезентација и семејството – истакнал Кириленко.
Во својата кариера Кириленко двапати беше прогласуван за најдобар играч на Европа (2007 и 2012 година). Лани на Олимписките игри во Лондон со Русија го освои бронзениот медал, додека 2007 година беше европски шампион, а 2011 година во „малото финале“ освои бронза откако Русија ја победи Македонија.
На ЕП 2007 година во Шпанија, Кириленко беше прогласен и за најдобар играч. Моментно е член на Минесота во НБА лигата, а има играно и за Јута, додека во европската кошарка најголемиот дел беше дел од ЦСКА Москва.