Еден од најдобрите руски кошаркари на сите времиња, 32-годишниот Андреј Кириленко по само една година помината во Минесота, одлучи да го напушти клубот од Минеаполис.
Поради предвремен прекин на двегодишниот договор, Кириленко остана без загарантираните 10 милиони долари годишна плата.
Русинот минатата сезона имаше просек од 12,4 поени, 5,7 асистенции и 1,5 освоени топки по натпревар.
Освен во Минисота Тимбервулс, Кириленко во НБА лигата играл и за Јута Џез, а во Европа настапувал во ЦСКА Москва и во Спартак од Санкт Петербург.
Не е познато дали рускиот кошаркар повторно ќе игра во НБА или кариерата ќе ја продолжи на друго место.