Кире Лазаров со јубилеј од 1000 погодоци за репрезентацијата

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров на последниот дуел против Португалија ја надмина цифрата од 1000 голови постигнати во репрезентативниот дрес.

Ѕвездата на „црвено-жолтите“ на гостувањето, на кое претрпевме изненадувачки и неочекуван пораз од домаќинот, постигна вкупно 9 погодоци, а неговиот седми гол беше јубилејниот за влез во елитниот „клуб 1000“, каде се наоѓаат малкумина во светски рамки.

Со ова постигнување Лазаров влезе во друштвото на Олафур Стефансон од Исланд (1511 гола), Французинот Жером Фернандез (1284 гола), Швеѓанецот Штефан Ловгрен (1138 гола), додека зад него остануваат Џексон Ричардсон (Франција) со 775 гола и неговиот актуелен тренер во Атлетико Мадрид, Талант Душебаев со 726 гола за СССР и Русија.

Би можело да ве интересира

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ