Кинезите со најмногу злата во досегашниот тек на ОИ

Од:

Кинеските спортисти се најуспешни и по петтиот ден од натпреварувањето на Олимписките игри во Лондон и убедливо се на првото место со освоени 30 медали, од кои 17 златни. На второ место се САД со 28 медали, од нив 11 златни. Досега на Игрите претставници на вкупно 49 држави освојуваа медал.

Инаку, селекторот на кинеската бадминтон федерација се извини и ја презеде вината за скандалот со намерното губење натпревари на неговите натпреварувачки, кој вчера ги потресе ОИ во Лондон.

Осум натпреварувачки во бадминтон се исфрлени од Олимпијадата, поради сомнежи дека намерно губеле одредени мечеви за да добијат полесни противници во следното коло. Светската бадминтон федерација, наведе дека спортистките од Кина, Јужна Кореја и Индонезија ќе и бидат предадени на дисциплинската комисија и дека тие ќе одговараат за кршењето на кодексот. Ова е прва масовна дисквалификација во историјата на Олимписките игри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он