Кинеската фудбалска асоцијација денеска соопшти дека го отпушта селекторот Хозе Антонио Камачо. Отказот за шпанскиот стручњак доаѓа по минатонеделниот пораз од Тајланд со 5:1.
Во соопштението се наведува дека двете страни се согласиле за раскин на договорот, а дополнително ќе бидат дефинирани финансиските детали.
Годишната плата на шпанскиот стратег изнесуваше осум милиони евра.
Камачо за нешто помалку од две години колку што е на клупата на кинеската репрезентација не успеа да ги исполни очекувањата федерацијата и немаше остварено позначајни резултати.
Билансот на репрезентацијата на Кина под водство на Камачо е седум победи, 11 порази и две нерешени средби.