Кин: Да бев во Јунајтед, Мегваер и Де Хеа немаше да се качат во автобусот

Од:

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, не го криеше својот гнев по ремито 1:1 помеѓу „црвените ѓаволи“ и Тотенхем во Лондон.

Ирецот по мечот остро ги нападна Давид Де Хеа и Хари Мегваер и ги доведе во прашање нивните квалитети да играат за овој клуб.

„Ми се повраќа од овој голман. Ако сега бев фудбалер, ќе се степав со него во соблекувалната. Тој е најпреценетиот голман што сум го видел, а тој исто така е репрезентативец на Шпанија. Ако бев на местото на Оле ќе направев неколку промени во паузата“, рече Кин.

Ирецот не го поштеди ниту капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

„Тотенхем е добар тим и играше компактно, но Мегваер и Де Хеа немаше да ги пуштам во автобусот по мечот. Нека се вратат со такси во Манчестер. Двајцата мораа да го напуштат теренот со главата надолу. Се борат за топ 4, а не да ја освојат лигата. Не знам кога тоа ќе се случи повторно“, додаде поранешниот капитен на„ црвените ѓаволи “.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски