Киелце победи, Металург дефинитивно втор

Од:

Македонскиот ракометен шампион екипата на Металург и дефинитивно ќе заврши на втората позиција во својата група, откако денес Киелце не дозволи изненадување и го совлада Горење на гостувањето во Словенија, со резултат од 29-25.

Горење остана на 12 бода и не го мина Металург, кој има истотака 12 бода, но поради подобриот биланс во меѓусебните дуели (30:23 и 19:23) Металург без разлика на утрешниот исход од дуелот со Силкеборг ќе биде второпласиран.

Полскиот првак Киелце со максимални 20 бодови го освои првото место и е единствената екипа која ги оствари сите десет победи во групата. Дуелот Металург – Силкеборг се игра утре од 17 часот, а во третиот натпревар од групата Ц играат Шамбери – Санкт Петербург.

Табела: Киелце 20 бодови, Металург 12, Горење 12, Силкеборг 8, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он