Кичево домаќин на меѓународен ракометен младински турнир

Од:

Градот Кичево е домаќин на меѓународен ракометен турнир „Кичево куп 18″ за млади категории на кој учествуваат екипи од Македонија и Полска.

На машкиот дел од турнирот играат: РК “Гого “- Кичево, РК “Преспа” – Ресен и гостите од Полска Свит Адеско.

Во женска конкуренција се натпреваруваат екипите на: РК “Кичево 10”- Кичево, РК “Војнисон” – Кичево и Луковија од Полска

Се игра по системот секој со секого и во машка и во женска категорија .

– Овој ракометен куп преставува вистинска можност за сите љубители на ракометот во Кичево но и пошироко за да уживаат во убавината на ракометната игра во овие два дена во спортската сака “Јанчица” во Кичево. Целта е спортското дружење и меѓусебно познавање меѓу сите учесници на овој ракометен куп , секако тука е и афирмацијата на ракометот воопшто вели големиот спортски работник и ракометен тренер Горан Карафилоски.

Турнирот е под покровителство на општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир