Под мотото „Фитнес за фудбал“ едукативниот центар на УЕФА организираше четири дневен семинар во центарот „Конверциано“ во Фиренца, Италија каде што присутни беа и преставници од ФФМ, а меѓу нив и актуелниот кондиционен тренер на ФК „Влазерими“, Бехар Укали кој е прв кичевчанец кој што се стекнал со сертификатот наречен „Фитнес за фудбал“.
Укали во моментов е член на стручниот тим на кичевскиот тим, задолжен за физичката подготвеност на тимот.
Инаку Укали е магистар по физичка активност кој се школувал во Рим, Италија.
– Во овие четри дена интензивно работевме на примената на модерната текнологија за физичката подготбеност на екипите под мотото „Фитнес за фудбал“, што беше организирано и спроведено од стручни екипи на УЕФА. Би сакал јавно да се заблагофарам на ФФМ, но и на раководството на „Влазерими“ кои ме подржаа за да бидам дел од овој семинар и за да се стекнам со овој сертификат, но пред се да се стекнам со потребното искуство кое ќе ми служи во мојот професионален ангажман за во иднина, вели кичевчанецот по враќањето од Италија.