Голден Стејт донесе големо засилување, со оглед на тоа дека потпиша двегодишен договор со Кевин Дурент.
Како што јавува каналот ЕСПН, досегашниот кошаркар на Оклаома по осум години го напупшти клубот.
Неодамна тие загубија од Кливленд, иако во серијата имаа предност од 3:1.
Дурент игра на позицијата крило, а седум пати учествуваше на Ол Стар мечевите. Пред две години е избран за најкорисен играч на сезоната.
Со репрезентацијата на САД има златен медал од Светското првенство во Турција во 2010. година и Олимписките игри во Лондон 2012. година.