Кенија би можела да не учествува на Олимпијадата во Рио поради зика

Од:

Кенија би можела да не учествува на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро во август годинава, доколку вирусот зика добие епидемиски размери, соопшти денеска Кенискиот олимписки комитет.

– Не сакаме да го ризикуваме здравјето на кој било од Кенијците во Бразил, ако вирусот прерасне во широка епидемија, изјави во Најроби, Кипчоге Кеино.

Заразата со вирост зика започна во Бразил во мај минатата година, но од тогаш се прошири низ земјата, а сега забрзано се шири и низ земјите на Латинска Америка и Карибите.

Вирусот зика досега е регистриран во повеќе од 20 држави во овој регион, а забележани се и случи на инфицирани во САД, како и во десетина земји од Европа.

Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи вирусот како глобална закана.

За овој вирус засега нема ниту вакцина, ниту лекување, па единствениот начин да се спречи неговото ширење е уништувањето на комарците кои ја шират заразата.

Медицински експерти предупредуваат дека вирусот е посебно опасен за бремените жени. Утврдено е дека се раѓаат бебиња со невообичаено мали глави и помал мозок, доколку нивните мајки биле заразени со вирусот во текот на бременоста.

Бразилските власти уверуваат дека нема да има никаков ризик за спортистите и за гледачите освен за бремените жени.

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека е во постојан контакт со организаторите на Олимпијадата во Рио, како и дека сите олимписки објекти и местата каде ќе бидат сместрени спортистите ќе бидат ставени на режим на секојдневна контрола на вирусот зика.

Засега единствено предупредување има за бремените жени на кои им се советува да „ја приспитаат одлуката“ за патување во Бразил за време на Олимписките Игри.

Кенија е првата земја во светот која соопшти дека би можела да се повлече од Олимпијадата поради вирусот зика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он