Финалето на Вимблдон, мечот Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини, на лице место го следат многу познати јавни личности.
Сепак, најголемо внимание привлече Кејт Мидлтон, или официјално, Кетрин, војвотката од Кембриџ, која носеше нежен розев фустан и заштитна маска за лице во истата боја.
Таа го следеше мечот во ложата, во придружба на нејзиниот татко, а многумина беа изненадени што таа не беше со сопругот Вилијам, војводата од Кембриџ.
Покрај останатите, во публиката е и славниот американски актер, Том Круз.
Ѓоковиќ игра во јубилејното 30. Грен слем финале, со желба да стигне до 20-та грен слем титула, колку што имаат и неговите најголеми ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал.