Кавадарци ги очекува осумте учесници на завршниот турнир од „Лимак Куп на Македонија“

Од:

Се е подготвено за завршницата од националниот кошаркарски „Лимак Куп 2017“ што ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци од 17 до 19 февруари. Во пресрет на турнирот обраќање на заедничка прес конференција денеска имаа претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски, претставникот на организаторот на завршниот турнир, директорот на „Лимак Скопје“ Мурат Јурдал, капитените и тренерите од сите екипите учеснички.

– Им посакувам успех на сите екипи. Се надевам дека напорната работа во изминатите дена ќе даде резултат со добра организација на турнирот, рече Наумоски.

Тој пред почетокот на пресот на капитенот на актуелниот освојувач на Купот МЗТ Скопје Аеродром, Марко Симоновски му го предаде пехарот во трајна сосптвеност.

За плановите и вложувањата на „Лимак“ во нашата држава говореше Јурдал.

– Имаме проекти ширум Балканот, но и во Блискиот Исток. Мило ми е што и Македонија ќе ја додадеме на таа мапа. Би сакал да изјавам дека имаме долгорочни инвестициски планови за изградба на станбен објект, трговски центар како и хотел во центарот на Скопје. Комплексот од објекти кој се надеваме ќе стане препознатлив дел од градот вреди повеќе од 200 милиони евра. Го одбравме Кавадарци за место каде сите најдобри тимови ќе се натпреваруваат и се надевам дека натпреварите ќе бидат неизвесни, фер и возбудливи до крај. Се гледаме во Кавадарци, порача генералниот директор на компанијата.

Во продолжение следуваат изјавите на кошаркарите и тренерите:

Анте Назор, тренер на МЗТ Скопје Аеродром:
– Ова е едно специфично натпреварување затоа што ние сме назначени како фаворити. Ние мораме да бидеме особено внимателни, а моите играчи мораат да бидат фокусирани максимално, борбени и да имаат контрола над натпреварот уште од самиот старт. Не треба да мислиме на ништо освен на Кожув. Претходно се пдоготвувавме за овој натпревар, имаме шмек да играме со сиот ростер, но мораме Кожув да го сфатиме како сериозен противник.

Марко Симоновски, капитен на МЗТ Скопје Аеродром:
– Добро знаеме какво значење има за нас овој куп, но и какви предизвици не очекуваат. Мислам дека доволно се подготвивме за новиот Куп. Ги анализиравме сите противници и мислам дека сме подготвени за максимумот да го извлечеме од нас и потоа да го прикажеме на терен.

Игор Михајловски, тренер на Кожув:
– Самата ждрепка не нe посака. Моментално противникот е во одлична форма, но без разлика на ситуацијата и на пишувањето во медиумите дека МЗТ веќе оди во полуфинале наша цел е против нив да дадеме макссимум и во една фер и спортска атмосфера нека победи подобриот и потоа ќе се фокусираме понатаму.

Апостоли Апостолов, капитен на Кожув:
– Чест ми е што сме дел од Купот. Ждрепката е таква каква што е, ние имаме голем респект за МЗТ Скопје, но ние ќе излеземе на терен и се надевам дека ќе бидеме најдобри што можеме.

Перо Блажевски, помошник тренер на Работнички:
– Ние како тим оваа година влегувамемалку порастеретено во Купот, но тоа не значи дека ќе се предадеме од старт. Ќе дадеме максимум во секој натпревар иако имаме три играчи повредени кои се главни во играта. Илиевски е под знак прашалник дали ќе настапи на Купот, а имаме и други двајца кои се мачат подолг временски период и отсуствуваат од тренинзи. Имаме малку простор во ростерот, но мислам дека со добра игра и мотивација ќе направиме еден солиден успех. не можеме да преедвидиме каков ќе биде исходот на крај, но се надевам дека ќе стигнеме до својата цел.

Марјан Србиновски, тренер на Куманово:
– Нe очекува натпревар со Работнички, така сакаше ждрепката и очекувам тежок и неизвесен дуел. Не треба да споделувам многу зборови за нив, знаеме со каков тим располагаат – искусна стартна петорка, но и млади мотивирани играчи против кои ние треба да ги искористиме нашите предности. Здравствениот билтен не ни е на највисоко ниво, тројца од носителите на играта во БИБЛ се повредени но ќе гледаме да дадеме се што можеме.

Марјан Јанески, капитен на Куманово:
– Сакам да им честитам на сите екипи за пласманнот. Ние се подготвувавме за овој турнир, а посебно внимание обрнавме на тактиката и на одбраната. По мене оваа екипа има доста квалитет и по мене мислам дека тој што ќе покаже поголема борбеност на теренот ќе победи.

Петар Чочороски, тренер на АВ Охрид:
– За нас е ова нешто ново, првпат сме учесници и за нашите играчи носи поголем товар. Нашата екипа се соочува со големи проблеми. Не напуштија четири играчи меѓу кои и првиот плеј. Ждребот сакаше да паднеме со екипа која е една од најдобрите. За анс останува да се бориме и да настапиме со сета сила.

Бранко Јанески, капитен АВ Охрид:
– Купот е голем престиж за играње. Сигурно дека ќе го дадеме својот максимум, иако доста сме ослабени. Се надевам дека ќе постигнеме добар резултат.

Љупчо Малинков, тренер на Фени Индустри:
– Сакам да им посакам среќа на сите учесници. Играме против Охрид каде што сме апсолутни фаворити. Без разлика со кој ќе вкрстиме понатаму одиме чекор по чекор, нека победи подобриот.

Кире Николовски, капитен Фени Индустри:
– Отвораме со Охрид кои имаат доста промени во својот ростер. Ова е Куп и секој може да победи секој. Играме дома и очекувам полна сала. Со малку среќа мислам дека можеме да одиме до самиот крај.

Ѓорѓи Кочов, тренер на Вардар:
– Најпрвин сакам да ги поздравам моите играчи кои успеаја да се пласираат на Купот во Кавадарци. Убеден сум дека оваа екипа е најмлада на турнирот. Карпош е апсолутен фаворит, но убеден сум дека ќе влеземе максимално мотивирано за да се претставиме во што подбро издание.

Војче Лефкоски, капитен на Вардар:
– Целта ја исполнивме – да се пласираме на завршниот турнир. Соколи се доста квалитетна екипа, но што е тука е. Ние ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло.

Драган Николиќ, тренер на Карпош Соколи:
– Мора да ни биде добра концентрацијата на играчите на теренот, да не мислиме на АБА лигата или на нешто трето туку на Купот. Купот има 3 скалила и 120 минути до титулата, но секое скалило е посебна приказна за себе. Не смееме да гледаме на мал или поголем фаворит.

Игор Пенов, капитен на Карпош Соколи:
– Играме против Вардар која е млада и талентирана екипа предводена од млад талентиран тренер. Ззнаеме дека сме фаворити, но ќе се бориме максимално на сите натпревари вклучувајќи го и првиот.

Двојките за четвртфиналето се:
Куманово – Работнички,
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром,
Карпош Соколи – Вардар и
Фени Идустри – Охрид.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ