Кавадарци домаќин на завршницата од кошаркарскиот куп

Од:

Организаторот Лимак Холдинг и Македонската кошаркарска федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала „Јасмин“ од 17 до 19 февруари.

Лимак Холдинг искажува особена благодарност до кошаркарскиот клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.

На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (не играат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната” група од четири клубови, заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (екипите на Работнички и на Фени Индустри).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ