Катар потроши околу 200 милијарди долари за подготовки за Светското првенство

Од:

Амбасадорот на Катар во Русија шеикот Ахмед бин Насер бин Јасим Ал Тани зборуваше за трошоците на Катар за подготовките за Светското првенство 2022 година.

– До овој момент нашата држава потроши околу 200 милијарди долари за организација на турнирот. Оваа сума ги вклучува трошоците за изградба на стадиони, метро, ​​аеродроми, нов град, пристаниште. Се надеваме дека ќе успееме да организираме светско првенство од кое целиот свет ќе биде воодушевен. Сакаме Катар секогаш да биде напредна држава, еден вид локомотива, да даде пример во сите области. Имаме многу широка интеракција со Русија во оваа насока. Гледавме како Русија го организира Светското првенство во 2018 година, беше прекрасно, брилијантно, затоа се стремиме да разменуваме искуство со Русија, ја пренесува руската новинска агенцијата „ТАСС“ изјавата на амбасадорот.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во пет градови и осум стадиони.

Би можело да ве интересира

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор

Ана Ололовска

Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел во квалификациите СП и повикаа егзорцист

Ана Ололовска

Мбапе прв пат во кариерата постигна гол за Франција на четири натпревари по ред

Ана Ололовска