Кастратовиќ: Мора да освоиме два бода против Савехоф

Од:

На ЖРК Вардар му останаа уште четири натпревари од втората фаза во Лигата на шампионите, а за првиот од нив, против Савехов, тренерот Индира Кастратовиќ сигурна победа и два бода.

– Се надевам дека ќе освоиме два бода. Во ниту еден момент не размислуваме зошто Савехоф нема ниту еден бод. Го сметаме за сериозна екипа, која веќе со години игра во ЛШ. Тоа е една екипа која 60 минути игра во ист ритам, нема застанување, дали губат или водат држат исто темпо. Многу работевме на тоа со девојките, знаеме какви се скандинавските екипи и нема да паднеме под нивното темпо. Се трудиме што побргу да го забораваме Будуќност, зашто ние веќе немаме право ништо да калкулираме и мора да освоиме два бода и дома, но и кога ќе играме на гости, изјави Индира на денешната прес-конференција.

Андреа Лекиќ потенцираше дека овој меч е важен и дека мора да се победи за да се крене самодовербата во тимот.

– Многу важен натпревар за нас, имајќи предвид дека во последното коло не го покажавме нивото на игра кое се очекува и бара од нас. Секој следен натпревар е неверјатно важен за нас, особено тргнуваме од Савехоф, кој нема ниту еден бод во групата. Сепак, ние немаме право да размислуваме на тоа бидејќи ќе биде многу важно за кревање на самодовербата и атмосферата во клубот да одиграме добро, истакна Лекиќ.

Натпреварот ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир