Каспаров: Ѓоковиќ и Овечкин се пример за општествената отупеност

Од:

Легендарниот шаховски велемајстор Гари Каспаров влезе во остар напад на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи го вистиски пример на општествената отупеност, поради неговите ставови за војната во Украина.

Рускиот велемајстор е познат како остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин и во интервју за хрватскиот „Вечерњи лист“ ги коментираше критиките кои ги упати кон Ѓоковиќ за неговата изјава дека нема потреба за суспензија на руските и белоруските спортисти.

„Русија може да се натпреварува по рангот, но убиваат по националност. Руските спортисти кои не ја осудуваат војната за истребување на Путин во Украина го подддржуваат со молчење. А Србин кој нема да го направи тоа посебно паѓа во очи поради историјата. Јас индиректно одговорив на некои од неговите коментари на Твитер. Вистинскиот пристап е да се потпише декларацијата што ја споменував. Да се осуди војната како криминал, режимот како нелегален, а Путин како диктатор. Ако го потпишат тоа, нека настапуваат. Коментарите на Ѓоковиќ беа депласирани бидејќи се зборуваше за покана што е базирана на рејтинг. Тоа што се гледа во овој случај, и во случајот на некои НХЛ играчи како Александер Овечкин, е пример за општествената отупеност. Тие не сфаќаат што се случува. А се случува злосторство какво што не е видено од Втората светска војна. Не сакам да ги намалам злосторствата во балканските војни, но големината не може да се спореди со тоа што се случува во Украина. Да, и тоа беше трагично и српската агресија требаше да биде осудена“, вели Каспаров.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха