Карпош Соколи прв полуфиналист во националниот кошаркарски куп

Од:

Екипата на Карпош Соколи попладнево во првиот меч на завршниот турнир од „Лимак Купот “ во Кавадарци потешко од очекувањата го совлада младиот и борбен состав на Вардар со 92:84.

По сигурното водство во првите три четвртини во кои кошаркарите на Карпош Соколи ја одржуваат предноста од 12 до 20 поени, опуштањето во последната делница можеше да им донесе многу проблеми во финишот. Сепак, минатогодишниот финалист не дозволи сензационален старт на четвртфиналето од Купот на Македонија.

Искуството и квалитетот на Трајковски, Соколов, Лабовиќ во решевачките моменти дојде до израз. Трајковски и Соколов со 20 односно 18 поени беа најефикасните кошаркари во победничкиот состав. Кај Вардар капитенот Лефковски постигна 22 поени, Ибитајо реализираше 17 а Робев вечот го заврши со 16 поени.

Карпош Соколи во полуфиналето го очекува победникот од четвртфиналната пресметка Работнички – Куманово (почеток 18 часот.

Двојките за другите два четвртфинални дуела се:
Фени Индустри – АВ Охрид (15:30 часот) и
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (20:30).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос