Екипата на Карпош Соколи со пораз кај унгарскиот Солнок го започна својот настап во кошаркарскиот ФИБА Еврокуп.
Во дуел од 1. коло на Х групата одигран попладнево во Солнок, истоимената унгарска екипа ги порази Карпош Соколи со 94:73, по четвртини, 26-15, 17-19, 30-22 и 21-17.
Американецот, Мекфејдн со 15 беше прв стрелец кај „соколите“ за кои Џејлен Браун придодаде 13, а Николовски и Ѓуроски беа стелци на по 11 поени, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Кај победничката екипа, воедно и на натпреварот, најефикасен беше доскорешниот кошаркар на Карпос, Кенрик Пери со 16 поени.
Во вториот меч од оваа група, рускиот тим Нижиј Новгород пред својата публика дури по пет продолженира го победи вториот ургарски тим Фалкон со 94:92.
Токму рускиот состав е следниот противник на нашиот тим и тоа на дуелот кој ќе се игра на 25 октомври (среда) во Скопје.