Со натпреварот Карпош Соколи – Работнички вечер продолжува првото коло од кошаркарската Супер лига.
Карпош Соколи на овој дуел влегува како фаворит поради моменталната форма и „подолгата“ клупа, но своја шанси гледа и најтрофејниот македонски кошаркарски колектив кој има амбиции да стигне до 15.тиутула.
Натпреварот ќе започне во 19 часот, а ќе се одигра во ВИП Арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Супер лигата почна со саботниот дуел помеѓу екипите на Куманово и на Кожув на кој кумановчани победија со 108:103.
Првото коло ќе биде комплетирано утре кога актуелниот шампион во домашното МЗТ Скопје Аеродром ќе го пречека Фени Индустри. Овој дуел е закажан за во 18 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Јане Сандански“.