Кари пред промоција во МВП

Од:

Кошаркарот на Голден Стејт, Стефан Кари денеска се очекува да биде прогласен за најкорисен играч (МВП) на тековната сезона во НБА лигата, јавуваат медиумите во САД.

Плејмејкерот на Вориорси добил најмногу гласови од новинарите во Америка и во Канада.

Кари треба да стане прв играч во 53 години долгата историја на екипата од Калифорнија со признание за најкорисен играч. Последен пат Вориорси имале МВП во 1960 година, но легендарниот Вилт Чембрлен тогаш ги бранел боите на тимот со седиште во Филаделфија.

Зад Кари по број на добиени гласови се пласирле Џејмс Харден (Хјустон) и Расел Вестбрук (Оклахома.

Во лигашкиот дел од сезоната Кари имаше 23,8 поени, 7,7 асистенции, 4,3 скока и две украдени топки во просек по натпревар.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on