Кари најмалку две недели надвор од терените

Од:

Играчот на Голден Стејт Стеф Кари според првите проценки надвор од терените ќе биде најмалку две недели по повредата добиена на синоќешниот дуел со Хјустон (натпревар број 4) во плеј офот.

Според американските медиуми Кари ги има повредено лигаментите на десното колено, но по деталните прегледи ќе се знае тежината на повредата и точно колку ќе отсуствува од терените.

Играчот на Голден Стејт се повреди во последните секунди од првиот дел, кога се лизна на местото каде претходно падна противнички играч на теренот. Кари се појави пред стартот на второто полувреме, но беше забележливо дека тешко се движи и повторно се врати во соблекувалната.

Инаку, Кари поради повреда на скочниот зглоб добиена на првиот натпревар со Хјустон ги пропшути следните два натпревара.

Голден Стејт води против Хјустон со 3-1 во победи и потребен му е уште еден триумф за пласман во следното коло.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on