Кошаркарите на првакот Голден Стејт постигнаа нова победа во НБА лигата. Тие ноќеска го совладаа Мајами на гостински терен.
Тандемот Стеф Кари и Клеј Томсон поворно беа најефикасни кај победникот. Кари постигна 42 поена, а Томсон 33 од кои 15 во низа во последната четвртина. Двајцата заедно постигнаа 10 тројки со процент за реализација од 50 отсто.
Кај Мајами Двејн Вејд постигна 32 поена.
Резултати:
Кливленд – Шарлот 114:103,
Индијана – Њујорк 108:105,
Детроит – Филаделфија 111:91,
Мајами – Голден Стејт 112:118,
Торонто – Минесота 114:105,
Шарлот – Вашингтон 109:104,
Мемфис – ЛА Лејкерс 128:119,
Далас – Оклахома Сити 103:116,
ЛА Клиперс – Денвер 81:87 и
Сакраменто – Сан Антонио 92:108.
Пласман Источна конференција: Кливленд 41-15 (победи-порази), Торонто 38-18, Бостон 33-25, Мајами 32-25, Индијана 31-26, Чикаго 30-26, Атланта 31-27, Шарлот 29-27,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 51-5, Сан Антонио 48-9, Оклахома Сити 41-16, ЛА Клиперс 37-20, Мемфис 33-23, Портланд 30-27, Далас 30-28, Јута 28-28,…