Карабатиќ се бранеше со молчење, му се заканува затвор до пет години

Од:

Според пишувањето на француските медиуми, браќата ракометари Никола и Лука Карабатиќ се бранеа со молчење.

Ракометарите се осомничени дека учествувале во местењето на натпреварот од 24 коло на француската лига против екипата на Сесон Севињи во кој што изгубиле со 31:28, а коефициентот за победа бил 45.

Доколку играчите признаат или се докаже дека намерно го пропуштиле натпреварот против екипата Сесон Севињи, на кој нивните сопруги, девојки и блиски луѓе на клубот,  заработиле преку 200 илјади евра, на сите играчи за вмешаност во местење на натпревари и корупција, им се заканува затвор до пет години плус парична казна.

Приведени беа вкупно 12 лица од кои 8 ракометари на Монпеље, двајца на ПСЖ и спомнатите девојки и сопруги.

Би можело да ве интересира

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ