Капитенот на Ливерпул избран за „Играч на сезоната“ во Премиер лигата

Од:

Би-Би-Си го избра капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон за „најдобар играч“ за сезоната 2019/20 во Премиер лигата.

Играчот од средниот ред на „црвените“ ја освои наградата со 23 отсто од гласовите на навивачите со девет преостанати натпревари до крајот на турнирот на Островот.

Хендерсон играше феноменално за тимот од Мерсисајд се додека фудбалот во земјата и низ целиот свет не беше паузиран поради пандемијата со коронавирусот.

Играчот од средниот ред играше на 25 од вкупно 29 натпревари за Ливерпул во Премиер лигата, постигнувајќи три гола и шест асистенции.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп ја доби наградата за „најдобар тренер“.

Друг член на „црвените“ исто доби награда – Трент Александар-Арнолд, кој беше изгласан за „Најдобар млад играч“.

Тешкиот пораз од Ватфорд со 3: 0 беше избран за „Настан на сезоната“.

Еве ги 11-те најдобри за сезоната во Премиер лигата според Би-Би-Си:

Голман: Алисон

Дефанзивци: Александар-Арнолд, Ван Дајк, Сојунчу, Робертсон

Среден ред: Де Бруин, Хендерсон, Бруно Фернандеш

Напаѓачи: Мохамед Салах, Садио Мане, Серхио Агуеро

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра