Прославениот италијански фудбалски експерт Фабио Капело повеќе не е тренер на Џангсу Сунин, објави денес кинескиот клуб.
Капело е отпуштен поради слабиот почеток на сезоната и два пораза во првите три рунди од кинеското првенство. Тој помина само девет месеци на кормилото на Џангсу Сунин.
За време на неговата долга кариера, Италијанецот ги предводеше Милан и Реал Мадрид по двапати, Рома, Јувентус, како и репрезентациите на Англија и Русија.
На негово место на тренерската позиција во кинескиот прволигаш доаѓа романскиот стручњак Козмин Олариу.