Италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Канаваро е најплатен тренер во кинеската Супер лига. Тој заработува 12 милиони евра по сезона.
Од Канаваро во светот повеќе заработуваат само три фудбалски тренери: Марчело Липи (20 милиони евра), Пеп Гвардиола (17,3) и Жозе Мурињо (16,9).
Покрај Канаваро во Кина двоцифрена годишна плата имаат и Мануел Пелегрини и Фабио Капело. Двајцата заработуваат по 10 милиони евра за една сезона.
Во кинескиот фудбал високо котира и Србинот Драган Стојковиќ Пикси со годишна плата од осум милиони евра, што го прави подобро платен од големите тренерски имиња како Конте, Зидан, Симеооне…