Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, по минималниот пораз (0:1) вчеравечер од Франција, рече дека неговите избраници заслужија да освојат бод.

Сепак, Канатларовски истакна дека оваа репрезентација на Франција е едно скалило погоре по квалитет во однос на сите други селекции во нашата група.

– Оваа француска репрезентација се дели од нашата група по квалитет, има и еден фонд на фудбалери кои поседуваат еден огромен потенцијал и квалитет и играчи кои играат во најсилните европски лиги. Играат по 90 минути, што, за жал, кај нашите фудбалери не е така и не се во подобар ритам, односно немаат минутажа на натпреварите. Примивме несреќен гол, можевме да оствариме подобар резултат, бевме на прагот да и откинеме бодови на Франција, но за жал немавме среќа во завршницата. Можам само да кажам пофални зборови за моите фудбалери, одиграа одличен натпревар, со голема пожртвуваност, вложија голем труд. Покажаа дека со гордост го носат овој дрес и дека се подготвени да дадат се од себе за него. Верувам во оваа репрезентација, верувам во мојот тим, мислам дека поседуваме потенцијал и квалитет и во иднина може да очекуваме уште подобри резултати, истакна Канатларовски.

Французите се први на табелата по шест кола во Х-групата со 16 бода, македонската репрезентација е трета со шест освоени бода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска

Милевски го објави составот, капитенот Ристовски се враќа во тимот

Ана Ололовска