Канатларовски нов тренер на Спартак

Од:

Поранешниот играч на Пелистер, Вардар, Црвена Звезда, Депортиво Ла Коруња, Каршијака и Победа, Драган Канатларовски е назначен за нов тренер на Спартак од Суботица, објави клубот од Војводина на својата веб страна.

Канатларовски во својата тренерска кариера, два мандата бил и селектор на македонската репрезентација, а на клупата на Спартак доаѓа како замена за Петар Курчубиќ.

52-годишниот тренер ги предводел и екипите на Беласица, Куманово, Победа, Вардар, Локомотив Пловдив и Раднички Крагуевац.

Фудбалерите на Спартак во првите седум кола од Суперлигата на Србија имаат 7 бодови. Во последното коло загубија од Црвена Звезда со 5:0.

Македонскиот тренер во новиот клуб ќе дебитира следниот викенд против Долни Срем.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ