Раководството на ППД Загреб ја раскина соработката со тренерот Касим Каменица под чие водство хрватскиот шампион не ги дава очекуваните резултати.
– Му благодариме на Каменица за работата во нашиот клуб. Резултатите на ППД Загреб не се според нашите амбиции и затоа сметаме дека е потребна промена на тренерското место. На Каменица му посакуваме се најдобро, соопшти ППД Загреб.
Наследник на Каменица на клупата на „плинарите“ ќе биде Златко Сарачевиќ.
ППД Загреб е во А-групата од Лигата на шампионите заедно со Вардар. По осум рунди, Загреб има само два бода и дури шест порази.